Гаем Хосеини, странски државјанин осуден на смрт за учество во злосторството на плоштадот Алихани во Исфахан, во кое беа убиени четворица припадници на специјалната полициска единица, беше погубен утрово во Иран.
По жалбата, пресудата беше потврдена од Врховниот суд, објави Ирна.
Според иранското судство, за време на инцидентот, Хосеини носел ладно оружје, го скрил својот идентитет и го исклучил мобилниот телефон за да не биде следен.
За време на истрагата, тој признал дека бил на местото на немирите, додека другите обвинети изјавиле дека ги удирал телата на паднатите полицајци.
Хосеини е осуден за носење оружје и предизвикување терор и несигурност, дејствување против националната безбедност, уништување на јавен имот и други кривични дела.
Според судството, тој бил вклучен и во палењето на џамијата и добротворната организација Амир ал-Моменин во Исфахан, објавува Танјуг.

