157 ЗАРАЗЕНИ, 13 ПОЧИНАТИ: Расте бројот на случаи со Западнонилска треска во Грција:

Сподели со своите пријатели

Грција бележи зголемување на случаите на Западнонилски вирус: Вкупно 157 заразени, 13 починати

Во последната недела, 47 лица се разболеле од Западнонилскиот вирус во Грција, со што вкупниот број на заболени лица достигна 157, објави Грчката Национална здравствена организација (ЕОДИ), додавајќи дека од почетокот на годината, 13 лица починале од вирусот.

Најголем број случаи е регистриран во источна Атика, објави ЕОДИ.

Починатите лица биле претежно постари од 65 години, а од вкупниот број случаи, 116 се манифестирале со заболувања на централниот нервен систем (енцефалитис или менингитис).

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Во Хрватска уапсен осомничен за саботажата на Северен тек