Периодот на многу топло време продолжува, но од утре во комбинација со невреме, најавуваат денеска од Управата за хидрометеоролошки работи.
Loading...
– Од утре во попладневните часови наместа ќе има појава на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, велат оттаму.
Локално, додаваат, процесите ќе имаат форма на невреме со интензивен пороен дожд, електрични празнења, силен ветер и појава на град.
Краткотрајно постабилно ќе биде во петок.
Во овој период насекаде ќе биде активно жолто ниво на опасност од висока температура.
– Во случај на појава на електрични празнења се препорачува поголема внимателност, да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја, велат од УХМР.
Никола Ивановски