Вашето „братство и пријателство“ ни се посмртоносни од студот, гладот, темнината и жедта.
Воените објекти не се нападнати, целта е на луѓето да им се одземе светлина и топлина, објави украинскиот претседател Володимир Зеленски на социјалните мрежи.
Имено, по серијата загуби, руските војници од одмазда ги гранатирале водните објекти и термоцентралата во Харков, според украинските власти, и предизвикале прекини на струја на широк простор.
Би-Би-Си јавува дека прекинот на електричната енергија погодил околу девет милиони луѓе во источните региони, вклучувајќи ги Харков и Доњецк.
Градоначалникот на Харков Игор Терехов изјави дека поголемиот дел од градот останал без струја и вода, коментирајќи дека тоа е одмазда на Русија за неодамнешните успеси на Украина на бојното поле.
Гувернерот на регионот Суми изјави дека 130 населени места во само еден округ останале без струја.
Слични проблеми беа забележани во регионите Дњепропетровск и Полтава.
Ова е реакцијата на руските војници откако украинските сили за 24 часа окупираа повеќе од 20 населени места и стигнаа до руската граница.
„Ослободувањето на областите под руска окупација во регионите Харков и Доњецк продолжува“, соопшти главниот штаб на украинските вооружени сили.
Во извештајот се наведува и дека руските сили ги напуштиле Велики Бурлук и Дворична, две големи населби на северот на Регионот Харков.
Украинските безбедносни служби во вторникот објавија дека руските војници се повлекуваат, крадејќи генератори и лични работи од локалните жители.
Поради притисокот од украинската контраофанзива, руското Министерство за одбрана во текот на викендот, повеќе од половина година од почетокот на војната, најави повлекување на руските војници од Харков.
Како официјална причина за повлекувањето беше наведено „прегрупирањето“ на силите.
– Доколку денеска или утре нема промени во стратегијата, ќе бидам принуден да разговарам со врвот на Министерството за одбрана и раководството на државата за да им ја објаснам реалната состојба на теренот. Ова е сериозна ситуација, би рекол дури и зачудувачки – изјави чеченскиот лидер Рамзан Кадиров во аудио порака на Телеграм, пишува Гардијан.
Многу Чеченци се приклучија на војната и нападот врз Украина, но иако Кадиров е жестоко лојален на својот шеф Путин, тој е еден од ретките политички лидери кои не се директно контролирани од Кремљ.
На украинските трупи на истокот од земјата им оди многу добро, но конечната победа што ја дефинираше украинскиот министер за одбрана Олексеј Режников е сè уште далеку.
Вака ја дефинираше победата на војната: враќање на украинските граници како што беа во 1991 година – вклучувајќи ги Крим и Донбас – добија компензација и се формираше суд за воени злосторства за да им даде на жртвите чувство за правда.
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.