Поранешната претседателка на Аргентина се соочува со 12 години затвор

Сподели со своите пријатели

Федералниот обвинител на Аргентина денеска побара 12-годишна затворска казна за Кристина Фернандез де Кирхнер, поранешната претседателка на земјата и актуелен потпретседател, под обвинение за корупција поврзана со јавни работи.

Loading...

Обвинителот Диего Лучиани ја обвини Фернандез де Кирхнер, сè уште влијателна личност во владејачката Перонистичка партија, за измама на државата и дека била вклучена во шема за пренасочување на јавните средства за време на нејзините два мандати како претседател помеѓу 2007 и 2015 година, пренесува Ројтерс.

Конечната пресуда ќе биде позната за неколку месеци, иако Фернандез де Кирхнер би можела да поднесе жалба до повисоките судови, за што би биле потребни години за да се донесе конечна одлука, пишуваат локалните медиуми.

– Ова беше веројатно најголемиот корупциски маневар досега во нашата земја – рече меѓу другото обвинителот Лучани во завршниот говор на судскиот процес.