Андреј Медведев, поранешен командант на вод од таканаречената група Вагнер, илегално ја преминал руско-норвешката граница и побарал азил во Норвешка.
За ова тој зборуваше во интервју за рускиот Gulagu.net.
Граничниот премин, наводно, се случил во четвртокот, на 12 јануари, во близина на рускиот рударски град Никла во регионот Мурманск.
Според Медведев, додека ја минувал границата, руските граничари го забележале и отвориле оган, но го пропуштиле.
Кога се нашол на територијата на Норвешка, поранешниот платеник се обратил до локалните агенции за спроведување на законот и побарал политички азил.
Тој моментално се наоѓа во главниот град на Норвешка, Осло, каде е сместен во центар за прекршувачи на миграциските закони.
Медведев тврди дека е подготвен да каже сè што знае за активностите и злосторствата на групата Вагнер, вклучувајќи ја и улогата на лидерот Евгениј Пригожин.
Медведев се приклучи на групата Вагнер во јули минатата година. По истекот на 4-месечниот договор, договорот му бил насилно продолжен. Потоа произволно ја напуштил функцијата и се вратил во Русија.
Тој контактирал со активисти за човекови права и тврдел дека луѓето на Пригожин се обидувале да го фатат и дека тој всушност бил во бегство.
Во декември Медведев даде интервју за Инсајдер, во кое зборуваше за егзекуции и загуби во групата Вагнер.
„Имав 15 луѓе во мојот вод, токму тоа е диверзантскиот вод, кој одеше на борбени задачи. Затворениците почнаа да доаѓаат кај нас во август. Го формиравме 4-тиот вод. Бевме како бомбаши самоубијци, затоа што и тие беа „пушачи“ кои беа казнети и отидоа во 4 вод. А за неколку дена во водот останаа само три лица“, рекол тогаш Медведев, пренесува Klix.ba.
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.