Поранешен директор на ЦИА го предупреди лидерот на Вагнер, Евгениј Пригожин да биде „многу внимателен околу отворените прозорци“.
Пензионираниот генерал Дејвид Петреус очигледно алудирал на голем број истакнати Руси кои загинале под неразјаснети околности, вклучително и паѓање од прозорци, откако Русија ја нападна Украина во февруари 2022 година.
Како дел од договорот Евгениј Пригожин да го запре маршот на неговите платеници кон Москва, тој се согласи да замине во егзил во соседна Белорусија, чиј лидер Александар Лукашенко е силен сојузник на рускиот претседател Владимир Путин.
„Пригогин си го спаси животот, но ја загуби својата платеничка група“, изјави генералот Петреус за состојбата на Унијата на Си-Ен-Ен.
„И тој треба да биде многу внимателен околу отворените прозорци во неговата нова околина во Белорусија, каде што оди.
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.