Поранешен агент на ЦИА осуден на 10 години затвор

Сподели со своите пријатели

Судот на Хаваите го осуди поранешниот агент на ЦИА Александар Јук Чинг Ма на 10 години затвор за шпионажа за Кина.

Loading...

Тој беше уапсен во 2020 година, откако му признал на таен агент на ФБИ дека ѝ пренесувал доверливи американски информации на Кина во замена за пари.

Ма, натурализиран американски државјанин, роден во Хонг Конг, работел за ЦИА од 1982 до 1989 година, по што ја продолжил кариерата во ФБИ.

Дел од неговиот договор за признавање вина вели дека тој мора да соработува со обвинителите „до крајот на својот живот, вклучително и известување до американските владини агенции“.

Договорот за признавање вина бара тој да се подложи на полиграфски тест за време на тие интервјуа, според АП.

На сослушувањето за изрекување на пресудата во средата, адвокатите на американската влада изјавија пред судот дека тој соработувал со властите и дека веќе учествувал во „повеќе интервјуа со владини агенти“.

Официјални лица тврдат дека Ма соработувал со роднина, кој исто така бил агент на ЦИА, за да им пренесе тајни на разузнавачите вработени во Бирото за државна безбедност во Шангај.

Еден состанок со кинеските разузнавачи во Хонг Конг бил снимен и на кој Мао броел 50.000 долари во готовина за тајните што ги споделил со нив, соопштија федералните обвинители.

Loading...

Додека живеел на Хаваи во 2004 година, Ма се вработил во канцеларијата на ФБИ во Хонолулу како лингвист.

ФБИ, веќе свесен за неговите шпионски активности, го ангажирал Мао како дел од акцијата за да ги следи и истражи неговите активности и контакти.

Како што пренесува АП, неименуваниот соработник бил неговиот брат, кој починал пред да започне кривичната постапка против него.

Судот на Хаваите во средата го осуди Ма на 10 години затвор и пет години условно, според договорот за признавање на вината со обвинителите.