Кинескиот произведувач на телефони Xiaomi направил импресивен маркетинг трик кога во 2016. година го лансирал првиот телефон кој имал дисплеј од работ до работ – Mi Mix. Година дена подоцна, компанијта го претсптави и наследникот, моделот Mi Mix 2.
Меѓутоа, телефонот и натаму имаше голема долна рамка. Со други зборови, тоа не беше телефон без работи кои сите го сакаа, како што ниту „iPhone X“ не е целиот екран.
Но, изгледа дека Xiaomi открил како во целост да ги елиминира работие на телефонот и целата предна страна да ја претвори во дисплеј судејќи според фотографиите на моделот Mi Mix 2S кои се најдоа на интернет.
Како што се гледа на фотографијата, телефонот изгледа прилично возбудливо, иако информацијата не е официјално потврдена.