Поради нови поплави, училиштата затворени, а откажани возовите во Малага и Тарагона (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Новите бури во Шпанија предизвикаа затворање на училиштата и откажување на возовите во средата, две недели по поројните поплави во Валенсија и другите делови на земјата, кои убија повеќе од 220 луѓе и уништија илјадници домови.

Loading...

Утрово државната метеоролошка агенција Аемет објави портокалово предупредување за поголемиот дел од источна и јужна Шпанија, додека највисоко ниво на предупредување беше издадено за провинциите Тарагона во Каталонија и Малага во Андалузија.

Во провинцијата Малага во Андалузија вчера беа поплавени улици, додека 3.000 луѓе во близина на реката Гвадалхорсе беа евакуирани од своите домови како мерка на претпазливост.

Училиштата низ провинцијата беа затворени, како и многу продавници.

 

 

Откажани се и возовите кои сообраќаат меѓу Малага и Мадрид на брзата железничка линија AVE.

Loading...

Немаше извештаи за смртни случаи.

Националната метеоролошка агенција на Шпанија АЕМЕТ издаде црвен аларм за Малага, наведувајќи дека за еден час паднале до 70 мм дожд.

Делови од провинцијата Тарагона во Каталонија исто така се соочија со силен дожд и останаа во црвена тревога.

Невремето во Малага го одложи почетокот на финалето на тенискиот куп Били Џин Кинг меѓу Шпанија и Полска, кое требаше да се одржи во среда.

 

 

Се уште се чисти Валенсија

Иако ова невреме не се очекува да биде силно како претходното, последиците би можеле да бидат сериозни поради големото количество кал на теренот и оштетениот одводен систем.

Loading...

Речиси 20.000 припадници на армијата и полицијата се уште се вклучени во расчистувањето во Валенсија, која беше најтешко погодена од поплавите пред две недели.

Општина Чива, една од најтешко погодените области, ги откажа часовите и спортските активности додека работниците во блиската Алдаија положија вреќи со песок за да го заштитат градот.

„Ставаме вреќи со песок“, изјави за Ројтерс комуналниот работник Антонио Оједа.

 

 

Се уште се трага по исчезнати

Се уште трае потрагата по 23 лица кои се уште се водат како исчезнати по поплавите во октомври.

Утрово спасувачите ги пронајдоа телата на двајцата мали браќа кои беа однесени од поплава во градот Торент во Валенсија.

Loading...

Рубен Матиас Калатајуд, три години и Изан Матиас Калатајуд, пет години, биле откорнати од рацете на нивниот татко.