Поради климатски протест, во Франкфурт откажани 140 летови

Сподели со своите пријатели

Откажани се околу 140 летови од аеродромот во Франкфурт поради протести против климатските промени, соопшти администрацијата.

Loading...

Патниците може да очекуваат одложувања во текот на денот, предупреди Фрапорт.

Во четврток се планирани околу 1.400 слетувања и полетувања.

Пистите беа повторно отворени за летови во 7:50 часот по локално време, помалку од три часа откако осум лица влегоа во областа на аеродромот и се залепија за асфалтот и оградата.

Портпаролот на Фрапорт го осуди протестот и рече дека виновниците се соочуваат со високи парични казни и обештетување.