Поплавите на индиските Хималаи однесоа 74 животи

Сподели со своите пријатели

Бројот на загинати во поројните поплави предизвикани од излевање на глечерното езеро на индиските Хималаи денеска се искачи на 74, а 101 лице се водат како исчезнати, соопштија локалните власти.

Loading...

Претходните денови во таа област во североисточна Индија врнеше силен дожд, што предизвика покачување на нивото на водата во глечерното езеро, поради што браната попушти, а водата од езерото се излеа низ тесна долина кон населени области, уништувајќи ги околните села и градот Рангпо, на околу 50 километри јужно од Гангток, главниот град на државата Сиким, објави Ројтерс.

Високиот лидер во државата Сиким, Виџај Бушан Патак, изјави за Ројтерс дека спасувачите пронашле 25 тела низводно, во државата Западен Бенгал, вклучувајќи тела на осум армиски персонал.

Тој рече дека 101 лице се уште се водат како исчезнати во последната од серијата природни катастрофи предизвикани од екстремните временски услови во регионот на Хималаите.

Меѓу исчезнатите има 14 припадници на армијата, соопшти Министерството за одбрана на Индија и наведе дека потрагата по преживеани дополнително се отежнува поради оштетените патишта, лошите комуникациски врски и неповолните временски услови.

Локалните жители се обидуваат да помогнат во чистењето на калта и деловите од срушените згради што ги остави катастрофата, една од најлошите во изминатите 50 години во оддалечениот регион на југоисточна Индија.