Помпео: Во Венецуела се случува измама и илузија, а не избори

Сподели со своите пријатели

Американскиот државен секретар, Мајк Помпео, парламентарните избори во Венецуела ги оцени за „измама и илузија“.

Loading...

„Изборната измама во Венецуела е веќе извршена. Резултатите објавени од нелегитимниот режим на Мадуро нема да ја одразуваат волјата на венецуелскиот народ“, напиша Помпео на Твитер.

Тој додаде дека она што денес се случува во Венецуела е „измама и илузија, а не избори“.

Да потсетиме, граѓаните на Венецуела денеска гласаат на парламентарните избори, што речиси сигурно ќе му овозможат на социјалистичкиот претседател Николас Мадуро да го контролира Конгресот, единствената преостаната независна институција во земјата.

Изборите ги бојкотира опозициската коалиција предводена од сегашниот претседател на парламентот, Хуан Гуаидо, кој во јануари 2019 година се прогласи за привремен шеф на државата и доби поддршка од САД и бројни европски земји.

Опозициското движење предводено од Гуаидо за неколку дена ќе организира референдум, на кој ќе ги праша граѓаните дали сакаат крај на владеењето на Мадуро и нови претседателски избори.

Сашко Димевски

Leave a Reply