Американскиот државен секретар Мајк Помпео го повика лидерот на Северна Кореја да го следи патот на Виетнам во преминувањето на непријателствата од минатото со САД.
Помпео го повика севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун да го повтори „чудото“ на економскиот раст на Виетнам со тоа што ќе ги унапреди односите со САД.
Обраќајки се кон членовите на американско-виетнамската бизнис заедница во Ханојо, Помпео нагласи дека САД ги исполнуваат ветувањата дадени кон поранешните непријатели, пренесува АП.
Тој додадека дека искуството со Виетнам откако таа земја ги нормализираше односите со САД во 1995. година треба да бидат доказ за Северна Кореја дека просперитетот и партнерството со САД се можни и по децении конфликти и недоверба.
Помпео претходно, по состаноците со министрите за надворешни работи на Јапонија и Јужна Кореја во Токио, рече дека ако барањата кои САД ги постави кон Северна Кореја се „гангстерски“, тогаш и целиот свет е таков.
Пјонгјанг обвини дека САД се однесувале „гангстерски“ при претставувањето на своите барања за нуклеарната програма на Северна Кореја, со што ги демантира тврдењата на американскиот државен секретар Мајкл Помпео кој рече дека е постигнат напредот за клучните проблеми, наведува Ројтерс.