Помошник началник на Секторот за внатрешни работи Куманово М.Ј. (54) заработи кривична пријвата поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“, информираат денес од Министерството за внатрешни работи.
Пријавениот во периодот од 29.12.2015 година до 25.01.2016 година и од 29.01.2016 година до 05.02.2016 година, ја злоупотребил службената положба, на начин што откако бил разрешен од работното место Началник на СВР Куманово, не го раздолжил службеното возило „Шкода Октавија“ и истото неовластено го користел и за време на годишен одмор.
Против него кривична пријава е поднесена од неговиот матичен Сектор.