Полски научник ослободен од затвор во Иран

Сподели со своите пријатели

Полскиот научник Мачеј Валчак е ослободен од затвор во Иран и вратен во Полска, соопшти денеска полското Министерство за надворешни работи.

Loading...

„Постигнувањето на оваа цел беше еден од приоритетите на полската дипломатско-конзуларна служба минатата година“, се вели во соопштението на Министерството, пренесе Ројтерс.

Иранската државна телевизија во јули објави дека Револуционерната гарда уапсила неколку странци за собирање примероци од почвата во забранети области, вклучувајќи го и Валчак.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  ЕУ земја воведува задолжителна обука за оружје во основните училишта