Полски генерал ќе ја води меѓународна обука на украинските војници

Сподели со своите пријатели

Полскиот генерал Пјотр Тритек е именуван за шеф на мисијата на Европската унија за обука на украинските војници, изјави полскиот министер за одбрана, додека западните земји се обидуваат да ја засилат поддршката за Киев по руската инвазија.

Loading...

На почетокот на овој месец, Европската унија одлучи да формира мисија за воена помош за поддршка на Украина (ЕУМАМ Украина), чија цел е зајакнување на воените капацитети на земјата.

„Полскиот офицер, генерал Пјотр Тритек ќе ја предводи меѓународната мисија за воена обука на украинската армија. Тоа е огромна одговорност, но и признание за позицијата на Полска на меѓународната арена“, напиша министерот Мариуш Блашчак на Твитер.

Командантот на 11-та полска оклопна дивизија Тритек (51) служел во Ирак и Авганистан. Седиштето на ЕУМАМ Украина ќе биде во Брисел со оперативни командни центри во Полска и Германија.

Поголемиот дел од обуката ќе се одржи во Полска.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.