Полска и САД разговараат за развој на соработка во областа на нуклеарната енергија, изјави вечерва во Вашингтон полскиот претседател Анджеј Дуда по средбата на полската делегација, во која беше и полскиот премиер Доналд Туск, со американскиот претседател Џозеф Бајден.
Дуда рече дека во среда ќе ја посети американската држава Џорџија, каде што ќе ја посети модерната американска нуклеарна централа.
Тој најави дека слична нуклеарна централа ќе биде изградена и во Полска, пренесе Ројтерс.
Полска планира да инвестира во производство на нуклеарна енергија за да ги намали емисиите на јаглерод диоксид и постепено да го исфрли јагленот.
Претходната полска влада ги избра Westinghouse Electric и најголемата американска инженерска фирма Bechtel да учествуваат во изградбата на нуклеарна централа во Полска.
Полска планираше да ја изгради својата прва нуклеарна централа на брегот на Балтикот до 2033 година, но сега се анализира дали проектот може да биде завршен навреме поради доцнењата во времето на претходната влада.