Полска: Моќниот Леопард 2 пристигна во Украина

Сподели со своите пријатели

Првите напредни тенкови Леопард 2 веќе пристигнаа во Украина, изјави денеска полскиот министер за одбрана Мариуш Блашчак.

Loading...

Се верува дека овие модерни тенкови од германско производство треба да означат пресврт во војната во Украина, особено во контекст на планираната контраофанзива што треба да започне напролет.

Блумберг претходно денеска објави дека полскиот премиер Матеуш Моравјецки, кој денеска пристигна во Киев, ќе објави дека тенковите испратени од неговата земја веќе пристигнале во Украина.

Моравјецки, соопшти денеска на Твитер портпаролот на полската влада, пристигнал во Киев за да покаже поддршка за Украина. Тој во Киев се сретна со украинскиот претседател Володимир Зеленски.

 

 

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.

Loading...