Полска ќе ги раскине дипломатските односи со Русија само ако тоа го стори цела ЕУ

Сподели со своите пријатели

Рускиот амбасадор во Варшава беше поканет во полското Министерство за надворешни работи за да го информира за осудата на нелегалните референдуми и анексијата на украинските територии минатата недела, како и за заканите на Русија за светскиот мир, вклучително и заканите за Полска, но самата Полска без Европската унија нема да го протера амбасадорот.

Loading...

„Денеска беа поканети руските амбасадори во земјите членки на Европската унија. Го поканивме и да го искаже нашиот став кон незаконските одлуки на претседателот Владимир Путин за анексија, исто така незаконска, на територијата на Украина. Се работи и за тоа дека Руската Федерација упатува закани за светскиот мир, но и за нашата земја“, изјави портпаролот на полското МНР, Лукаш Јасина.

Рускиот амбасадор во Полска Сергеј Андрејев по состанокот во полското МНР негираше дека Русија го крши меѓународното право.

„Русија на ниту еден начин не го прекршува меѓународното право. Тоа е чин на самоопределување на луѓето од тие територии, што Руската Федерација целосно го поддржува“, изјави Андрејев за новинарите, додавајќи дека тие области засекогаш ќе останат дел од Русија.

Заменик шефот на полската дипломатија Марцин Псидач за полската приватна телевизија ТВН24 изјави дека Полска нема самоиницијативно да ги прекине контактите со руските дипломати.

„Ако сите се согласиме на европско ниво дека треба да ги прекинеме сите контакти со руските дипломати, се разбира дека тоа ќе го направи Полска. Во моментов таа самата не планира таков чекор по принципот да ги исфрлиме и да видиме што ќе се случи. Не може само Полска да дејствува, а Германците и Французите да продолжат да разговараат со Русите“, рече Пшидач.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.