Полска и балтичките земји Литванија, Летонија и Естонија се повлекуваат од Конвенцијата за забрана за употреба на нагазни мини.
Ова е наведено во заедничкото соопштение објавено денеска, а сите четири земји кои ја делат границата со Русија наведуваат дека овој чекор значи враќање на можноста за повторно складирање на мините.
Со повлекување од договорот ратификуван во 1997 година, кој беше поддржан од повеќе од 160 земји, овие држави повторно ќе можат да складираат нагазни мини, објави Ројтерс.
„Со оваа одлука испраќаме јасна порака: нашите земји се подготвени и способни да ги искористат сите неопходни мерки за да ги заштитат нашите безбедносни интереси“, се вели во заедничката изјава на министрите за одбрана на тие земји.