Половина од денот го минуваат во сон. Зошто мачките толку спијат?

Сподели со своите пријатели

Мачките спијат во просек по 15 часа дневно, а некои и до 20 часа. Токму затоа, многу сопственици си го поставуваат прашањето? „Зошто мачките толку спијат?“

Loading...

Прва работ акоја е потребно да ја знаете за спиењето на мачките е фактот дека тие се најактивни од стемнувањето до утрото, што значи дека во текот на деноти обично спијат, а приквечер стануваат активни.

Тоа може да биде поприличен шок кога во домот ќе донесете нова мачка.

Во новиот простор, вашиот нов миленик нема да губи време, туку ќе крене во истражување на вашиот дом и ќе предизвика разни неволји и к тоа како по обичај додека вие спиете. Откако ќе заврши со појрадокот, ќе се излежува и ќе дреме во текот на целиот ден.

Image by cocoparisienne from Pixabay

Складирање на енергијата

Мачките имаат физиологија на грабливци, што значи дека животот им се врти околу ловот, претежно ноќе. Големите мачки како лавовите функционираат на ист начин, иако се припитомени, домашните имаат стари инстикти.

Loading...

Ловот одзема многу енергија, без оглед на тоа дали мачката лови вистински плен или трча по играчка. Многу сон е важен за собирање енергија за уште повеќе трчање, скокање, прикривање и качување.

Секогаш претпазливи

Интересно е што мачките ретко имаат длабок сон, а кога тоа го прават, таквиот сон трае неколку минути. Поголемиот дел од спиењето тие всушност имаат дремка и тоа во положба која им овозможува брз покрет во акција. Мачињата и мачките од постара возраст спијат нешто повеќе од останатите.

Мачки метеоропати

Временските прилики поприлично влијаат на активностите на мачките. Ако паѓа дожд и времето е лошо, мачката повеќе ќе спие токолку кога времето е топло.

Image by Karin Laurila from Pixabay

Многу прилагодливи

Loading...

Иако им е вродена ноќната активност, а дење да одмараат, мачките се многу приалгодливи на домашниот ред на своите сосптвеници. Мачињата и младите мачки се однесуваат во согласност со своите инстикти, но подоцна лесно се прилагодуваат на навиките на своите сосптвеници ако живеат со нив, затоа што ќе сакаат со нив да минуваат што повеќе време. Ритамот на спиење ќе се прилагоди исто како и распоредот на хранењето, па наскоро, како и вас, ќе спијат ноќе.

Leave a Reply