04.06.2015 09:14

Половина од денот сонце – попладне грмежи и поројни дождови


Претежно сончево утро во западната половина од земјава, додека на исток пооблачно. За разлика од претходните неколку дена, во 7 часот денеска е малку потопло.

Денеска очекуваме температура слична на вчерашната, односно од 30°С до 33°С долж повардариети и од 27°С до 30°С во останатите низински места.

loading...

Облачноста во источниот крај полека ќе се расчисти претпладнево, па претпладнето и таму ќе помине во претежно сончево време.

Попладне се очекува развој на нестабилна, купесто дождовна облачност, која ќе донесе локален дожд и грмежи во поголем дел од земјава. Повремено врнежите ќе имаат пороен карактер.

Нестабилното време продолжува и утре.


© Со преземање на содржината ги прифаќате Условите за преземање содржини
Loading...

Последни наслови

Facebook Comments