Полјаците ги насмеја лапсусот на премиерот дека е опасност неговата партија да остане на власт

Сподели со своите пријатели

Од утрово Полјаците на социјалните мрежи се забавуваат со лапсусот на премиерот Матеуш Моравјецки, кој на прес-конференција најсериозно предупреди на опасноста неговата партија Право и Правда да се врати на власт на редовните парламентарни избори на 15 октомври.

Loading...

„Сакаме да ве потсетиме на нашиот однос кон Русија. Сакаме да ве потсетиме колку голема е опасноста враќањето на власт на Владите на Права и Правда. Важноста на тие избори е огромна“, изјави денеска премиерот Моравјецки, зборувајќи за плановите директно да таргетираат 10 милиони неопределени луѓе од 30 со летоци во кампањата.

„Прв пат ја кажа вистината“ или „Прв пат се согласувам со премиерот“, се најчестите коментари на опозициските политичари и Полјаците на социјалните мрежи.

На интернет на шега прашуваат дали премиерот се вратил во тимот на својот поранешен шеф, поранешниот премиер, а сега главен лидер на опозицијата, Доналд Туск, како потсетување дека своевремено Моравјецки како шеф на голема полска банка, беше еден од економските советници на Туск кога тој беше премиер.