Политико: Германската крајна десница користи вештачка интелигенција за да освои гласови

Сподели со своите пријатели

Германската десница користи вештачки генерирани клипови во својата изборна кампања за да ги засили носталгичните чувства и емоции кај гласачите, пишува Politico, наведувајќи го како пример видеото „Се сеќавате ли колку беше убава Германија порано“, споделено од кандидатката за канцеларка на екстремната десница Алиса Вајдел.

Loading...

Видеото, генерирано од вештачка интелигенција (АИ), прикажува момче со руса коса и сини очи, божиќни светла, русокоса жена како танцува и деца во училишен автобус како се смеат.

Пред изборите, кои ќе се одржат во Германија на 23 февруари, највисоките функционери на AfD објавуваат и споделуваат мноштво слики и видеа генерирани од вештачката интелигенција.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Анкета пред изборите во Германија: ЦДУ падна под 30 отсто, АфД со поддршка од 21 отсто

Како што изјави пратеникот на АфД, Норберт Клајнвехтер за Политико, ова се прави за да се покаже каков би можел да биде животот со АфД во Германија и како би бил доколку тие не дојдат на власт.

Тој, исто така, вели дека пристапот на AfD не би го нарекол машина за носталгија, туку „телескоп во иднината“.

„Не се работи за тоа да се каже нешто негативно за одредена група или одредена личност или нешто. Тоа не е целта. Целта е да го ставиме прстот на болното место и да го претставиме визуелно. Вака произведените слики најчесто покажуваат „обични“ Германци кои ја поддржуваат AfD, но и содржина што се потхранува со ветувањето на партијата дека ќе ја врати земјата „во идеализирано, подобро време – и ќе ја спречи она што тие го гледаат како мрачна иднина предизвикана од зголемената имиграција“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Економската активност во германскиот приватен сектор во пораст втор месец по ред

„Вашите предци имаа татковина во Бранденбург – тука дедо ти ја однел баба ти да танцува, тука одела мајка ти во градинка, тука ја изградил дедо ти куќата. Овде те донесоа твоите родители на свет и те направија личноста што си денес“, вели тој во видео клипот, пренесува Танјуг.

Маркус Беш, истражувач од Универзитетот за применети науки во Хамбург, верува дека за AfD, клиповите генерирани од вештачката интелигенција служат како машини за носталгија и засилувачи на емотивни клишеа со слики кои се однесуваат на историската естетика од 19 и 20 век.

Loading...

„Постои цела армија навивачи кои учествуваат во далекусежен и ефективен обид за партиципативна пропаганда. Пораките се засилуваат и емотивно наполнети преку уредувањето на обожавателите, а поддржувачите ги преплавуваат деловите за коментари со про-AfD хаштагови како емотиконите со сино срце за дополнително да го активираат алгоритмот“, рече Беш.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Политико: Фридрих Мерц e предизвик за Урсула фон дер Лајен и нејзината позиција во ЕУ