Полицијата во Иран уби тиктокерка на протестите (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Хадис Најафи минатата недела излегла на улиците на Караја во знак на протест против задолжителното носење хиџаб, но била застрелана од полицијата.

Loading...

Таа не зборуваше отворено за правата на жените, но често споделуваше моменти од својот живот на социјалните мрежи.

Наџафи (23) не била активист, но сепак го загубила животот во родниот град на протест за право да живее и да се облекува како што сака.

Нејзината смрт дополнително го зголеми гневот на Иранките кои се соочуваат со строгите правила на таканаречената морална полиција.

23-годишната девојка пораснала во ерата на интернетот и социјалните мрежи и е дел од генерацијата која е поврзана со остатокот од светот на начин каков што беше незамислив за нејзините родители.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by HADIS NAJAFI (@hadisnajafi78)

 

Loading...

Надеж за подобра иднина

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Протести во Куба поради недостиг на храна и електричната енергија

Страствен корисник на TikTok и Instagram, Наџафи сакала да ги споделува своите животни случувања со нејзините следбеници на социјалните мрежи.

Таа не зборуваше отворено за правата на жените. Но, таа порано објавуваше видеа на кои танцува во собата додека слуша музика.

Работела како касиерка во ресторан и сакала да објавува фотографии од нејзиниот моден избор на Инстаграм.

Некогаш немала хиџаб на главата, но потоа се фотографирала на безбедно во својот дом или на други приватни места.

Хиџабот е задолжителен во јавност за сите жени во Иран, без разлика на вера или националност.

Но, откако Махса Амини (22) почина во полициски притвор на 16 септември, протести избија низ целата земја.

Амини беше приведена бидејќи не носела хиџаб правилно.

Loading...

Близок пријател го опиша Наџафи како „секогаш среќен и полн со енергија“.

 

 

Семејството со денови не смее да го види нејзиното тело

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Драма во Белгија: Се сокрил во куќа, а потоа отворил оган, уби еден полицаец

Нејзината пријателка раскажала дека иранската полиција пукала во неа неколку пати, а кога семејството отишло во болница не ѝ дозволиле да ја види.

„Неколку медицински сестри му рекоа на семејството да бега бидејќи Хадис била на протестите за да дојде полицијата и да ги земе. Тие му дозволиле на сопругот на една од нејзините сестри да оди во мртовечница и да направи формална идентификација. Само тој. Нејзиното семејство не беше. Не смееме да ја видам“, рече таа.

По два дена семејството се договорило со властите да не се прави јавен погреб, пишува Sky News.

Loading...

„Во петокот наутро ја пуштија нејзината расплакана мајка и сестрите да ја видат за да се уверат дека ја погребуваат вистинската личност. По погребот, нејзините сестри Афсун и Ширин решија да објават фотографии од Наџафи и јавно да проговорат како таа го загубила животот”, рече пријателот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Британија планира да воведе летечки такси до 2030 година

„Властите не сакаа јавно да се дознае дека таа била застрелана од полицијата. На семејството му рекле да кажат дека загинала во сообраќајна несреќа, поради повреда на мозокот, дека починала од природна смрт“, додаде таа.

Во средата нејзината мајка на Инстаграм објави дека нејзината ќерка е убиена поради нејзиниот хиџаб.

„Ќерка ми беше убиена поради хиџаб, поради Махса Амини. Таа отиде на протест и таму ја убија. Ја застрелаа во срцето, во стомакот, во вратот. Кога ја видовме телото и лицето беа во модринки“, рече нејзината мајка на Инстаграм.

„Најпрво не ни дадоа да ја видиме. Одбија да ни го дадат нејзиното тело. Махса е и моја ќерка. А сите убиени беа мои деца. Таа умре за Махса, се жртвуваше за Махса, умре за неа“, додаде таа.

 

Loading...