Во текот на вчерашниот ден околу 18:50 часот, при мешовита полициска патрола на регионалниот пат Гевгелија – Богданци биле откриени 12 економски мигранти во возило марка „Фиат Улис“ со скопски регистарски таблички. Автомобилот бил управуван од засега непознато лице, а од 12-те мигранти по шестмина биле од Пакистан и исто толку од Либија.
Полициските службеници дале знак на возилото да застане, но тоа продолжило со движење. После 200 метри успеале да го сопрат возилото, при што возачот го напуштил истото и се дал во бегство, а во возилото биле затекнати 12 лица-мигранти. При проверка на возилото утврдено е дека регистарските таблици потекнуваат од друго возило.
Странските државјани се наоѓаат во Полициската станица во Гевгелија за понатамошна постапка,а се преземаат мерки за пронаоѓање на возачот.