Полицијата тврди дека им е потребен бесплатен пристап до профилите на OnlyFans и објаснија зошто.
Инспекторите предупредуваат дека платформата со седиште во Велика Британија, која првенствено ја користат сексуалните работници, можеби нема да ги пријавува сите материјали за сексуална злоупотреба на деца (CSAM) на страницата, пренесува Ројтерс.
Полициските иследници тврдат дека индивидуалните нивоа на претплата, кои креаторите ги користат за да соберат пари, ги попречуваат нивните напори да добијат попрецизна слика за ситуацијата.
„Не станува збор за само еден paywall. To e paywall за секој поединечен креатор на OnlyFans. Освен тоа, исклучително е тешко да се добие содржина која се наоѓа за OnlyFans paywall, вели директорот на форензичкиот констулант Треј Амик.
Ројтерс откри дека од 30 случаи кои новинската агенција ги разгледала поврзани со CSAM на OnlyFans, повеќе од половина резултирале со апсења, а три резултирале со кривични пресуди.
Националниот центар за исчезнати и експлоатирани деца (NCMEC), непрофитна организација основана од Конгресот во 1984 година, има „целосен пристап“ до профилите, според портпаролот на OnlyFans.
Компанијата, исто така, свесно ѝ дава пристап на полицијата до повеќето податоци, вклучувајќи содржина и директни пораки.
Сепак, ова се однесува само на профили кои се под активна истрага. Сите други неозначени сметки ќе останат заштитени, открива Ројтерс.
Тоа е нерешлива загатка. Од една страна, клучно е да се заштитат децата од експлоатација.
Од друга страна, давањето на полицијата неограничен пристап до платформа каде што корисниците плаќаат за експлицитни содржини покренува јасни прашања за приватноста.