Во текот на вчерашниот ден, во 13,20 часот од страна на полициска патрола од ПС за ГП и ГН – Богородица и ПС од Р.Словенија во реонот на с.Црничани – Брана Паљурци, било забележано сомнително движење на ПМВ “БМВ“ со скопски регистерски ознаки.
Полициската патрола се упатила по него, по што возачот го сопрел возилото кај раскрсницата Богданци – Валандово – Дојран и избегал.
При проверката, било утврдено дека во возилото се наоѓаат осум илегални мигранти од Мароко.
Увид на местото на настанот извршила екипа увидна екипа од ПС-Гевгелија. По наредба на ОЈО мигрантите биле предадени во ПТЦ-Гевгелија. Се преземаат мерки за пронаоѓање на возачот на возилото.