Во организација на СВР Куманово и ОО на Црвен Крст, денес во просториите на кумановската полиција се одвиваше традиционална крводарителска акција. Вакви акции на ниво на СВР Куманово се организираат трипати годишно и според организаторите, секоја акција е поуспешна од претходната.
Loading...
[huge_it_gallery id=”77″]
Според Лилјана Славковска, трансфузиолог, на денешната акција која започна во 9 и ќе трае до 14 часот, дарувани се околу 50 единици крв, со што акцијата се смета за успешна.
На денешната акција, крв даруваа полицајци и вработени во ПС Куманово кои се регистрирани како редовни и повеќекратни крводарители.