Африм Сулејмани, полицаец кој беше уапсен по инцидентите што се случија во кумановската „Дива населба“ на 9 и 10 мај вчера бил пуштен на слобода, јавува Алсат – М.
Loading...
Во објавата за негово ослободување стои дека во Основен суд Скопје 1 е донесено решение со кое на Сулејмани му се укинува мерката притвор откако претходно Основното јавно обвинителство за организиран криминал го известиле Судот дека донеле наредба за запирање на истражната постaпка против него поради немање на доволно докази.
Сулејмани беше уапсен под соменение дека им бил логистичка поддршка на вооружената група која два дена водеше борби со македонскат полиција, јавува Алсат-М.
Фото: зери.инфо