Полицаец стопирал возило на Гугл, кое е без возач

Сподели со своите пријатели

Полицаец во Калифорнија стопирал автомобил поради преспоро возење, но не можел да напише казна затоа што немало возач – во прашање било самоуправувачкото авто ан Гугл.

Loading...

Полицијата на местото Маунтин Вју, каде е седиштето на Гугл и каде таа компанија ги испитува своите автомобили без возачи, соопштила дека полицаецот приметил дека возилото се движело премногу споро со брзина од 24 милји на час во зоната од 35 милји на час.

Иако полицаецот разбрал дека се работи за автоматско возило на Гугл, морал да го стопира и да ја контактира личноста зад воланот – бидејќи калифорнискиот закон налага дека и во такви автомобили некој мора да биде на местото на возачот иако не го контролира движењето.

vozilo-gugl

Гугл на блогот одговорил дека возилото не добило казна.

Преспоро возење? Па ни луѓето не застануваат често поради тоа – наведува технолошката компанија.

Полицијата во Маунтин Вју наведува дека редовно се состанува со претставниците на Гугл за да се осигура безбедносната работа за самоуправувачките возила.

Такви возила, кои се испитуваат на калифорниските патишта, според претставниците на Гугл, во изминатите шест години имале 11 мали инциденти.

Калифорниската полиција наведува дека во поголемиот број сообраќајни несреќи бил виновен возач на друг автомобил.

Loading...