Сите сме запознаени со богатството на поговорките, но овој пат ви пренесуваме некои најинтересни за мажите. Поговорки за мажите кои само жените би можеле да ги измислат.
– Кога мажот би можел да биде и убав и интелигентен во исто време би бил женско.
– Ако одгледуваш маж, го одгледуваш само него, ако одгледуваш жена го одгледуваш целото семејство.
– Не се занесувај дека нешто можеш да промениш кај мажот, освен ако носи пелени.
– Мажот прави куќа, а жената дом.
12 руски народни поговорки: „Додека парите зборуваат, вистината молчи“
– Мажот се познава во три случаи – во јадењето, богатството и во пијанството.
– Зборот „утре“ е измислен за деца и неодлучни мажи.
– На бесен пес и пијан маж секогаш треба да му се тргнете од патот.
– Единствена жена која секоја ноќ знае каде е нејзиниот маж е вдовицата.
– И најглупавата жена може да го направи секој маж паметен, но со будала може да управува само многу паметна жена.
– Жените пред ударот на судбината се превиткуваат, а мажите кршат.
– Такви се мажите, најмногу им завидуваат само на оние на кои најмногу им долгуваат.
– Што рекол Бог кога го создал човекот? Можам јас и подобро.