Михаило Подољак, советник на украинскиот претседател Володимир Зеленски, денеска на својот официјален Твитер објави дека Русија планира катастрофа од големи размери во Херсон.
Подољак пишува дека знаат за планот на новиот командант на руските сили во Украина, генерал Сергеј Суровикин.
Така тој наведува дека „планот на Суровикин“ за хидроцентралата Каховка:
– Да се минираат ископаат браната и трансформаторите;
– Присилно депортирање на Украинците и друго нелојално население во Руската Федерација;
– Поплавување ја територијата за да ја запрат украинската контраофанзива и да го блокираат сопственото повлекување
Ова денеска го објави Подољак на Твитер.
– Русија подготвува катастрофа – заклучи Подољак.
Заедно со нападите на Харков, утринава серија експлозии одекнаа и во југоисточниот украински град Запорожје.
Олександр Старук, украинскиот гувернер на областа Запорожје, објави нови информации за утринава руски ракетен напад врз истоимениот град.
– Непријателот го нападна градот со ракети С-300. Зафатена е станбена зграда и инфраструктурни објекти. Според првичните информации имаме тројца ранети – објави Старук. Службите за итни случаи се на терен. Непријателот погоди и училиште во Запорожје.
Украинскиот претседател Володимир Зеленск изјави дека руските сили минирале важна брана на реката Днепар во јужниот дел на Херсонската област, како и блиската хидроелектрана.
– Имаме информации дека руски терористи ги разнеле браната и објектите на хидроцентралата Каховка – рече Зеленски во видео обраќањето до Советот на Европа.
Браната и хидроцентралата работат со значително намален капацитет бидејќи областа беше окупирана од руските сили во март годинава.
Украинските сили се наоѓаат на околу 40 километри северно од браната. Во текот на изминатите четири месеци, тие извршија неколку напади на мостот што е дел од браната за да ја спречат руската армија да го користи.
– Русија ги напаѓа украинските електрани затоа што сака да ги принуди луѓето да ги напуштат своите домови и да се преселат во земјите на Европската унија – изјави синоќа украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Тој подвлече дека целта на Русија е да предизвика нов бран на миграција на Украинците, рече Зеленски во видео обраќањето.
– Целта на рускиот терор врз нашите енергетски постројки е да создаде што е можно повеќе проблеми со струјата и парното за Украина оваа есен и зима, за да отидат повеќе Украинци во европските земји – рече тој.
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.