29.04.2015 17:23

Поднесен обвинителен акт за несреќата во која загина Петар Милошевски

Facebook Twitter Google+

По завршување на истражната постапка, надлежниот обвинител од Основното јавно обвинителство – Куманово поднесе Обвинителен предлог против едно лице за сторено кривично дело – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот (член 300, став 4 во врска со член 297, став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик), за сторена сообраќајна несреќа во која животот го загуби едно лице, а три лица беа повредени.

Соопштението за подигнување обвинителен акт против едно лице беше објавена денес на официјалната веб страна на ОЈО

loading...

Сообраќајната несреќа се случи на 13 март минатата година, кога во 23,1о часот на магистралниот пат Куманово – Крива Паланка, обвинетиот – возач на џипот, удрил во возилото во кое се наоѓал сега починатиот.

Петар Милошевски загина враќајќи се од хуманитарен турнир во Куманово. Во моментот на несреќата, тој ја извршуваше функцијата директор на ФФМ. Во несреќата, загина едно, а три лица беа послесно повредени.

Насловна: Телеграф.мк


© Со преземање на содржината ги прифаќате Условите за преземање содржини
Loading...

Последни наслови

Facebook Comments