Голема културна манифестација со комбинација од изложби и концерти ќе го одбележи крајот на летото во Куманово.
На 18ти месецов Wire production организира голем хепенинг на Спомен Костурница во Куманово со целодневни настапи и активности.
– Со големо задоволство и внимателна селекција одбравме уникатна и избалансирана комбинација на традиција, свежина и креативност, со други зборови на Споменик Костурница на 18-ти септември ги имаме: Д.Н.О, КИ, ПМГ КОЛЕКТИВ, АВЕЛИНА, DADO K & MAMLI и групна изложба на најталентираните македонски уметници во моментов, стои во поканата на Wire production.
Настанот ќе започне во 11 часот наутро со групна изложба на во моментов едни од најреномираните македонски уметници и dj-сетови на Калц, Димитриевски и Sinking Photon а потоа:
Д.Н.О се тука да ни ја пренесат Скопската шармантна авангарда;
ПМГ КОЛЕКТИВ да ни покажат зошто важат за најдобриот македонски „Dance” состав;
КИ, да не однесат на пат од кој нема назад и потсетат зошто Куманово има бенд со светски квалитет;
АВЕЛИНА, преку музика да ја облагороди сегашноста;
Dado K & Mamli и
Dance Studio УЛТРА за прослава на младешкиот независен дух
Влезот за овој настан ќе биде со донација.
– Овој настан исто како и претходните ќе биде реализиран според сите утврдени и одобрени протоколи од Министерството за здравство и комисијата за заразни болести, велат организаторите.
Настанот е во рамките на одбележување на 30-годишнината од независноста на Македонија.
Никола Ивановски