Под површината на Меркур може да се крие големо богатство

Сподели со своите пријатели

Други планети би можеле да кријат вистински богатства. Не само вода, која им е потребна на астронаутите за да преживеат, туку и вредни руди како дијаманти.

Loading...

Веќе знаеме дека на Уран и Нептун може да паѓа дожд од  овие скапоцени камења, а сега научниците открија дека под површината на Меркур може да има дебел слој скапоцени камења.

Со оглед на тоа дека Меркур е богат со јаглерод, елементот што ги сочинува дијамантите, Бернар Шарлие од Универзитетот во Лиеж во Белгија и неговите колеги тргнале да истражат дали оваа сивкаста и донекаде безлична планета би можела потенцијално да крие вредни скапоцени камења.

Тие ги пресоздале условите во внатрешноста на планетата од пред 4 милијарди години, кога Меркур се состоел од огромен океан од магма што го опкружувал металното јадро, пишува New Scientist.

„Дијамантите на Меркур би можеле да бидат многу поголеми од оние на Земјата“

Експертите ставаат мешавина од соединенија присутни на Меркур (вклучувајќи сулфур, титаниум и алуминиум диоксид) под графитна преса богата со јаглерод, користејќи притисок од 7 гигапаскали и загревајќи го системот на речиси 2000°C.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  НЕВЕРОЈАТНИ СЦЕНИ: Во Амазон снимено племе со кое никогаш не е стапено во контакт (ВИДЕО)

Смесата целосно се стопи на околу 1900°C, што е приближно температурата на океанот на магмата на Меркур. Тоа всушност биле совршени услови за создавање дијаманти.

Имено, научниците биле изненадени со точката на топење која била пониска од очекуваното.

Да „беше малку повисоко, ќе се формираше графит, а не дијаманти. Откривме дека е прилично студено, поладно отколку што очекувавме. Колку е постудено, толку е поголема шансата да се добијат стабилни дијаманти“, вели Шарлие.

Loading...

Експертите веруваат дека откако ќе се формираат во јадрото, дијамантите ќе лебдат низ внатрешноста на Меркур и на крајот ќе се сместат помеѓу неговото густо метално јадро и обвивката.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  НЕВЕРОЈАТНИ СЦЕНИ: Во Амазон снимено племе со кое никогаш не е стапено во контакт (ВИДЕО)

Денес, овој дијамантски слој може да биде дебел до 200 метри и да сочинува околу 1 процент од вкупната маса на планетата.

Дијамантите на Меркур би можеле да бидат многу поголеми од оние на Земјата, вели Шарлие, но тешко е да се знае со сигурност.

Како да го добиете богатството?

Дури и ако овие резултати се потврдат експериментално, прашањето е кога би можеле да дојдеме до ова богатство.

Имено, слојот од дијаманти се наоѓа неколку стотици километри под површината на Меркур, а ние се уште не сме успеале со сите наши технолошки достигнувања да издупчиме малку подлабока дупка на Марс.

Една од мисијата на лендерот InSight на НАСА беше да се пробие дупка од неколку метри со цел да се измери температурата на внатрешноста на Црвената планета.

Но, по само неколку сантиметри длабочина, се појавија тешкотии.

Роботот се заглави и не можеше да продолжи, па тој дел од мисијата беше прекинат.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  НЕВЕРОЈАТНИ СЦЕНИ: Во Амазон снимено племе со кое никогаш не е стапено во контакт (ВИДЕО)

Најблиску до Сонцето, но не и најжешката планета

Меркур, најмалата планета во Сончевиот систем и најблиску до Сонцето, е само малку поголема од нашата Месечина.

Неговото лице е покриено со десетици илјади ударни кратери.

Кога би стоеле на неговата површина, Сонцето би изгледало три пати поголемо отколку кога се гледа од Земјата, а сончевата светлина би била дури 11 пати посилна.

И покрај неговата близина до Сонцето, Меркур не е најжешката планета во нашиот Сончев Систем; таа титула и припаѓа на блиската Венера, благодарение на нејзината густа атмосфера.

Но, Меркур сепак води во нешто. Тоа е најбрзата планета, која прави круг околу Сонцето на секои 88 земјини денови.

Не е чудно што го добил името по најбрзиот антички римски бог.

Истражувањето, насловено A diamond-bearing core-mantle boundary on Mercury, беше објавено во списанието Nature Communications.