Руските научници откриле најлошо оружје за масовно уништување во светот.
Лидерот на тимот рекол дека никогаш не видел толкава количина енергија подготвена за уништување на човештвото. Шефот на рускиот тим истражувачи известува за облаците метан кои 20 пати се посилни од јаглерод диоскидот, а кои влегуваат во вид на меурчиња на површината на Арктичкиот океан.
Научниците ова го откриле истражувајќи го регионот.
– Количината на метан која се ослободува го запрепасти рускиот истражувачки тим кој го испитувал морското дно на епиконтиненталниот појас на источниот дел од Сибир на северот на Русија веќе 20 години, известува Индепендент.
Игор Семилетов од Меѓународниот арктички истражувачки центар на Универзитетот Фербенкс, Ањаска, кој го водел осмото заедничко крстарење на САД и Русија во источносибирските арктички мориња рекол дека никогаш не видел толкава количина метан која се ослободува од дното на Арктичкото море.
https://youtu.be/WKsqZYJu-Rk