Почна реконструкција на патот од Младо Нагоричане до Зебрњак

Сподели со своите пријатели

Почна реконструкција на патот од село Младо Нагоричане до Зебрњак Старо Нагоричане, соопштија денеска од општина Старо Нагоричане.

Loading...

– Досега реконструирани се два километри од патот кој е во вкупна должина од 4, 2 километри. Ширината е 5, 20 метри. Се надеваме дека со реконструкцијата ќе се обезбеди побрзо, побезбедно поврзување на жителите од општините Куманово и Старо Нагоричане преку овој таканаречен „стар паланечки пат“, изјави заменик градоначалник, Бобан Цветановски.

Средствата се обезбедени од ЈПДП, а го изработува Јавно претпријатие за одржување и заштита на магистрални и регионални патишта-Македонија пат.

Претходно, од општината соопштија дека почната е реконструкција на патот од село Врачовце до село Жегљане во должина од 2.750 метри.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Мартинијан ќе настапи на фестивалот „Бисер на Јадранот“

МИА