Почна поставување бекатон во кумановското село Лопате

Сподели со своите пријатели

Почна поставување бекатон во кумановското село Лопате, соопштија денеска надлежните од одделението за комунални дејности од општина Куманово.

Loading...

Бекатон се поставува на клучни улици кои го поврзуваат селото со регионалниот пат Куманово-Липково.

-На овој начин се обезбедува поврзување на уличките со регионалниот пат, изјави помошникот раководител на одделението, Момчило Јовановски.

Куманово избра две компании за реконструкција и санирање на оштетени јавни површини на сообраќајници и тротоари со бекатон плочки. На тендерот се пријавиле пет компании, избрани се две кои ќе ги санираат оштетените површини во две зони од градот, источна и западна. Вкупно за двете зони од општинскиот буџет за реконструкција и санација со бекатон плочки одвоени се 16.453.878 денари.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец бил агресивен и оштетил инвентар на бензинска пумпа

Како што е наведено на веб-страницата на електронскиот систем за јавни набавки, реконструкција и санирање на оштетени јавни површини на сообраќајници и тротоари со бекатон плочки за западната страна на Куманово, избрана е компанијата „Ибро комерц 21 Ибраим и др. “ од Липково која го поставува бекатонот во Лопате.

Општината од буџетот одвои 8 милиони 260 илјади денари. За источната зона од градот за реконструкција и санирање на оштетени јавни површини на сообраќајници и тротоари со бекатон плочки, избрана е скопската компанија „Билд Инг. За оваа зона општината одвои 8.193.878 денари.