Почна асфалтирањето на „Моша Пијаде“ во Куманово (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

По повеќемесечните градежни активности за реконструкција на улицата „Моша Пијаде“ во Куманово, денеска започна поставувањето на првиот асфалтен слој на оваа сообраќајница, информираше градоначалникот Максим Димитриевски.

– Денеска започнавме со асфалтирање на улица „Моша Пијаде“. Во тек се градежни активности за поставување на првиот асфалтен слој на овој дел од улицата, објави Димитриевски.

 

 

Станува збор за еден од поголемите инфраструктурни зафати во централното градско подрачје, кој опфаќа целосна реконструкција на улицата, вклучително и обновување на подземната инфраструктура, изградба на атмосферска канализација и поставување нова асфалтна подлога.

Според претходните информации објавени од Општина Куманово, проектот се реализира со финансиска поддршка од Светската банка, преку Министерството за транспорт.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Заеми, фалсификувани договори и закани: Како оперирала групата од Куманово?

 

 

Работите се одвиваа во повеќе фази, при што претходно беа отстранети старата асфалтна конструкција и рабниците, а се работеше и на канализациската мрежа и подземните инсталации.

 

 

Во рамки на проектот е предвидена изградба на атмосферска канализација во должина од околу 830 метри, како и обновување на делови од водоводната и фекалната канализациска мрежа. Предвидени се и нови тротоари, уредување на паркинг-просторот и поставување урбана опрема.

 

 

Започнувањето на асфалтирањето претставува следна фаза во обновата на улицата, која по завршувањето на сите предвидени работи треба да добие нова сообраќајна и комунална инфраструктура.

 

 

 

 

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Криминалната група во Куманово дејствувала повеќе од пет години, приведени пет лица

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Никола Ивановски