Починато лице пронајдено во селото Руѓинце

Сподели со своите пријатели

Шеесет и едногодишен маж е пронајден починат во својот дом во селото Руѓинце, Општина Старо Нагоричане, информираат од полицијата.

Loading...

– На 23.01.2023 во 15.43 часот во СВР Куманово било пријавено дека во домот во селото Ругинце, Општина Старо Нагоричане, бил пронајден починат Л.С.(61), велат од кумановската полиција.

По овластување на Јавен обвинител, полициски службеници извршиле увид и било констатирано дека собата била исчадена, а починатиот бил пронајден изгорен во креветот од пожар кој настанал од неизгасена цигара.

Смрт без траги на насилство констатирал лекар од Итна медицинска помош, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на семејството.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Во недела свечено откривање на мурал со ликот на Бобан Трајковски

Никола Ивановски