Почина поранешниот палестински премиер, мировниот преговарач Ахмед Куреи

Сподели со своите пријатели

Поранешниот палестински премиер Ахмед Куреи, кој имаше клучна улога во привремениот мировен договор со Израел од 1993 година, почина на 86-годишна возраст.

Loading...

Палестинскиот претседател Махмуд Абас во средата потврди дека Куреи починал.

Причината за смртта не е објавена, но познато е дека Куреи, познат по прекарот Абу Ала, веќе извесно време страдал од срцева болест.

Роден во Абу Дис, предградие на Источен Ерусалим на окупираниот Западен Брег, Куреи се приклучил на организацијата Фатах во 1968 година.

Тој брзо се издигна под водство на основачот на Фатах, покојниот палестински претседател Јасер Арафат, и стана член на централниот комитет на организацијата во 1989 година и беше член на извршниот комитет на Ослободителната организација на Палестина (ПЛО).

Куреи ја предводеше палестинската делегација во Осло, каде што се водеа преговори со Израел кои доведоа до мировни договори.

Врз основа на тие договори беше формирана Палестинската управа и беа воспоставени самоуправни области на палестинските територии.

За време на преговорите со Израелците, Куреи се сретна со сите премиери на Израел кои беа на власт до 2004 година, Јицак Рабин, Ариел Шарон, Шимон Перес, Бенјамин Нетанјаху и Ехуд Олмерт и со американските претседатели Бил Клинтон и Џорџ Буш.

Loading...

Мировните преговори пропаднаа три децении по договорот и Израел ја засили изградбата на еврејските населби на Западниот Брег и воведе блокада на Појасот Газа, бидејќи исламскиот екстремистички Хамас ја презеде контролата врз палестинската територија од силите лојални на поумерениот Фатах.

Повторно избувна насилство меѓу двете страни, особено на Западниот Брег.

Во интервју за АП во 2013 година, по повод одбележувањето две децении од Договорот во Осло, Куреи рече дека немало да се согласи со договорите доколку знаел што знае сега.

„Со такви населени блокови? Не. Со затворањето на Ерусалим? Не. Воопшто“, рече Куреи во неговата канцеларија во Абу Дис.

По формирањето на палестинската управа, Куреи беше избран за пратеник на првите парламентарни избори во 1996 година и претседаваше со Палестинскиот законодавен совет.

Откако Абас поднесе оставка како прв палестински премиер во 2003 година, Арафат го замени со Куреи, кој беше премиер до 2006 година, кога Хамас извојува убедлива победа на вторите палестински избори.

Додека беше премиер, Куреи беше обвинет дека има финансиски интерес во компанија која му продавала египетски цемент на Израел со неговото семејство. Цементот подоцна бил искористен за подигнување на сепаративната бариера кон Западниот Брег.