Почина најстариот човек во светот и тоа неколку дена по 113. роденден (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Најстариот човек во светот почина по само месец дена откако го прослави својот 113. роденден.

Франциско Нуњез Оливера починал во својот дом во родното место Бјенвенида во Шпанија каде и ќе биде погребан.

Почина Индонезиецот кој тврдеше дека има 146 години (видео)

Loading...

– Тоа е штета за целото село и за целиот свет. Изминатите години многу ни значеше, го претставуваше нашето село и помогна да се слушне за нас, рекол градоначалникот на Бјенвенида.

Овој Шпанец имал четири деца, 9 внуци и 15 правуци. Пред месец дена го прославил својот 113. роденден со торта и чаша млеко.

Има 145 години, погребал 4 жени и сите свои деца (видео)

Франциско стана најстариот човек во светот кога почина Јизраел Кристал од Полска минатата година.

Целиот свој живот бил фармер, а од 107. година одел на прошетка секој ден. Во 98. година повторно започнал да чита по операцијата на катаракта поради која за прв пат бил во болница.

Неговите блиски велат дека толку долго живеел затоа што секој ден пиел по чаша вино, а јадел зеленчук од сопствената градина.

Инаку, Франциско бил еден од 30 жители на Бјенвенида постари од 90 години. Во оваа место живеат околу 2.300 луѓе.

Во април 2015. година за шпанските медиуми рекол дека би сакал да поживее уште некоја година, иако сите пријатели му се починати.

Титулата најстар човек во светот сега ќе му припадна на Јапанецот Масозоу Нонако кој има 112 години и 189 дена, а роден е на 25 јули 1905 година.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.