Почина актерот Мето Јовановски

Сподели со своите пријатели

На 77-годишна возраст денеска почина македонскиот театарски, филмски и телевизиски актер Мето Јовановски.

Loading...

Јовановски е роден на 17. јануари 1946 година, во село Панчарево, Пехчевско.

Во 1971 година завршил Театарска академија во Софија, Бугарија и истата година се вработил во Драмскиот театар во Скопје.

Неговата актерска кариера започнала на сцената на Народниот театар во Штип, каде настапувал уште пред да се запише на студиите.

Оттогаш, за многу кратко време, Мето Јовановски се истакнал како еден од водечките драмски уметници во Македонија.

Актер кој остварил огромен број филмски улоги, а играл во над 60 филмови.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Во 2024 година од патарини државата инкасирала над 66.5 милиони евра