Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) оцени дека „нема непосредна нуклеарна опасност“ за нуклеарната централа Запорожје по оштетувањето на браната Каховка на реката Днепар во јужниот дел на Херсонската област под руска окупација.
Со таа проценка се согласуваат и руските власти кои ја контролираат централата, додека украинските власти предупредуваат дека се заканува нова нуклеарна катастрофа поради оштетување на браната.
Браната, која користи вода од реката за ладење на горивото во реакторите, синоќа е делумно оштетена, а за тоа меѓусебно се обвинуваат украинските и руските власти.
„Експертите на МААЕ присутни на локацијата на нуклеарната централа Запорожје внимателно ја следат ситуацијата“, се вели во пораката на Твитер од агенцијата на ОН.
Руските власти кои ја контролираат централата исто така велат дека за сега делумното уништување на браната не претставува закана за централата.
„Во моментов нема закана за безбедноста на нуклеарната централа Запорожје…нивото на водата во басенот за ладење не е променето“, напиша преку Телеграм директорот на централата, кој беше инсталиран од руските окупаторски сили.
Украинските власти, сепак, предупредуваат дека опасноста од „нуклеарна катастрофа“ во Запорожје „брзо расте“ по делумното уништување на браната Каховка, која се наоѓа на 150 километри.
„Светот повторно се соочува со нуклеарна катастрофа бидејќи нуклеарната централа Запорожје го загуби својот извор на ладење. И таа опасност сега рапидно расте“, изјави во пораката до новинарите советникот на украинскиот претседател Михаило Подољак.
Вечерва, оштетена хидроцентрала од советската ера го снабдува со вода полуостровот Крим, кој Русија го анектираше во 2014 година, како и нуклеарната централа Запорожје, исто така под руска контрола.
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.