И додека денеска се прославува победата над фашизмот и крајот на Втората светска војна, историјата не потсетува на сите мрачни страни на човечката цивилизација, па така и нацистичките владетели.
Нацистичките лидери се сокриле во пристанишниот град Фленсбург, одалечен пет километри од Данска. Цели две недели тој град бил засолниште на нацистите.
Откако Адолф Хитлер извршил самоубиство, целото нацистичко водство морало да избега од Берлин. Наследникот на Хитлер бил адмирал Карл Дениц.
Тој, но и сите останати сакале да спасат жива глава и некаде да го сместат седиштето на новата нацистичка влада. Како идеално место им изгледал градот Фленсбург на самиот север на Германија, многу близу со границата со Данска.
Имено, тој град со својата Поморска академија, претжено бил поштеден во војната и не бил во зоната на Црвената армија.
Во моментот на преземањето на валста, адмирал Дониц се наоѓал во близина на Фленсбург. Тој уште претходно ако врховен командант на германската воена морнарица имал стожер во Мурви, предградите на Фленсбург и седиштето на Германската морнаричка академија која било сместено во импресина црвена зграда која Германците ја нарекувале Црвен дворец на морето. Од таа зграда може да се види данскиот брег, одалечен само два километри.
Во Фленсбург така тргнале скоро сите. Освен Дониц, последниот претседател на Третиот рајх, во друштво на 150 војници пристигнал и Хајнрих Химлер, еден од главните организатори на Холокаустот и шеф на Гестапо, потоа познатиот архитект на Третиот рајх Алберт Спир, генералите Вилхем Китл и Алфред Јоди, како и многу други високопозиционирани нацисти.
Меѓутоа, бројни помалку познаци нацисти во Фленсбург го смениле идентитетот и така успеале да извлечат жива глава. Локалното население наводно не забележало ништо.
Причината е можеби преокупираноста на граѓаните со обидот за преживување по втојната или едноставно тоа го телорирале.
Сојузниците бргу стигнале до северот на Германија, па Владата на Карл Дениц не траела долго. Таа се предала, а сојузниците ги привеле сите. Химлер се обидел да избега, но тоа не му успеало.
Така последното упориште на нацистите паднало дури на 23 мај, кога сојузничките сили ја опколиле Поморската академија и ги привеле нацистите, иако капитулацијата на Германија е потпишана на 8 мај.
Фленсбург денес е град во кој живеат 85.000 луѓе, популарен е меѓу студентите поради квалитетни универзитети, но и студентски домови. Исто така е познат и по врвен ракомет.