По празниците повторно ќе се отвори градскиот базен во Куманово

Сподели со своите пријатели

Затворениот градски базен во Куманово се очекува да биде отворен по велигденскит празници, откако во јануари стави привремено клуч на врата поради енормното поскапување на елекетричната енергија и гасот како два клучни енергенси што се користат во затоплување и одржување на овој објект.

Loading...

Ова денеска одговарајќи на советничките прашања го истакна Даниел Стојчевски, директорот на ЈП „Чистота и зеленило“ кое стопанисува со базенот.

Како што рече Стојчевски имало надеж на намалување на цените на гасот, но пред две недлеи пристигнало известување дека цената ќе биде покачена за 10 денари по метар кубен.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Ученици од „11 Октомври“ се едуцираа и натпреваруваа во шах (ФОТО)

– Со затоплување на времето очекуваме дека по празниците затворениот базен ќе почне со работа и сите корекции и покрапви кои беа нужни и неопходни во овој период додека не работеше базенот од страна на вработените беа извршени, рече Стојчевски.

Базенот има сопствени панели за сончева енергија, но како што појасни директорот, тие може да служат само за затоплување на водата за туширање по користење на базенот и тоа кога надвор има сонце, додека во зимскиот период и не се многу од корист.

– Во зимскиот период кога е потребно не произведуваат доволно топлина и поради големиот притисок при произведување на топла вода, пред неколку години дошло до пукање на некои панели, екипите активно работеа на поправка на спојниците каде требаше да се поправат и стават нови, во Македонија нема такви спојки се обидовме да нарачеме, а оние кои се исправни се обидовме да ги замениме и дел од системот да го ставиме во функција, рече Стојчевски.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец бил агресивен и се заканувал на полицајци во СВР Куманово

Во текот на мај се очекува да бидат извршени поправки и санации и на отворениот градски базен чие пуштање во употреба се очекува во јуни.

Никола Ивановски

Loading...