По оваа снимка веројатно долго време нема повторно да јадете хамбургер (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Работници во еден ланец за брза храна во Оклахома, останале шокирани кога во храната пронашле глушец.

Инцидентот се пријавил кај надлежните органи кои дошле во инспекција. Но, вработените не биле изненадени со овој „гостин“, затоа што како што велат за американските медиуми, хигиената во тој локал секогаш е загрижувачка.

– Само слушнав „глушец, глушец, глушец“. Се вратив во кујната и тој беше во кесата со лебот кој го користиме за хамбургери, вели работничката Скајлар Фрејм.

Изел 30.000 хамбургери, ја чува секоја сметка за нив (ВИДЕО)

Loading...

Како што пренесуваат тамошните медуми, работниците знаеле дека пронаоѓаат отпушоци на местата каде се подготвува храната, а кога тоа го пријавувале кај менаџерот на ресторанот, тој им кажувал дека тоа не е многу важно. Прехотно месецов пронашле и глодар.

– Еден колега ни се прелади и така болен сложуваше сендвичи, а не носеше ракавици. Киваше, го допираше и носот и сендвичите. Не му беше гајле за хигиената, сакав да повратам, рекол еден од вработените за Дејли мејл.

По повикот од оваа компанија, директорите изјавиле дека ништо сомнително не е пронајдено од инспекцијата и дека се е според правилата.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Како трауматичните искуства од детството влијаат во зрелоста?

Leave a Reply