Како што јавуваат унгарските медиуми, повеќе од 1000 мигранти и бегалци пристигнале во Унгарија во понеделникот навечер. Ова група е првата од седумтте илјади мигранти кои се најдоа блокирани на македонско – грчката граница во петокот, кога македонските власти прогласија кризна состојба на двата гранични премини.
Фоторепортерот на АФП забележал најмалку 1000 луѓе како навлегуваат во Унгарија доаѓајќи од Суботица, следејќи ги шините близу јужното село Рошке.
Пристигнувањето на ова група бегалци и мигранти се случува во деновите кога се ближи датумот за завршување на подигањето на железната ограда, поточно 31 август кога треба да се завршат градежните работи така спречувајќи влез на бегалци кои доаѓаат од Србија како држава која не е членка на ЕУ.
Според унгарската новинска агенција МТИ, бегалците, повеќето од нив од Сирија, пристигнале на државната граница на Унгарија се` уште необиколена со метална жица, придружувани од полицијата која ги води мигрантите во првиот центар за регистрирање на мигранти.
Можеби ова е последена шанса за влез на бегалците на унгарска територија, пишува АФП, откако во септември, унгарските власти планираат да поднесат предлог – закон за криминализација на обидот за илегално влегување и санкционирање на обидот за влез низ оградата со сечење или прекачување преку железниот ѕид.
ФОТО: Бегалци навлегуваат на територија на Унгарија преку шините низ селото Асотхалом
Извор: France 24